4.000 ПОВИЦИ НА ТЕЛЕФОНСКИТЕ ЛИНИИ ЗА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    4.000 ПОВИЦИ НА ТЕЛЕФОНСКИТЕ ЛИНИИ ЗА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТНајмногу повици, 2.200, се направени на телефонска линија за психолошка поддршка за лица во самоизолација. (Фото: К. Попов)

    Од почетокот на епидемијата на ковид-19 досега, на Клиниката за психијатрија се реализирани 4.000 телефонски повици од граѓани кои имале потреба од психолошка поддршка.

    Во моментов, активни линии за граѓани од различни категории се за психолошка поддршка на возрасни лица 072/919-009, психолошка поддршка за деца, адолесценти и нивни родители 072/912-979, психолошка поддршка за жени во бременост и после породување 078/378-766 и психолошка поддршка на албански јазик 070/291-657.

    „Првата телефонска линија за психолошка поддршка беше отворена на 15 март, наменета за лица во самоизолација и на неа се реализирани повеќе од 2.200 разговори. Во текот на месец март се отворија уште две други телефонски линии, од кои едната за психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст од страна на Клиника за психијатрија Скопје, како и други телефонски линии за психолошка поддршка на лица од различни категории во соработка со УНИЦЕФ“, велат од Министерството за здравство.

    На линијата за психолошка поддршка на родители на деца со пречки во развојот и психолошка поддршка на адолесценти, се реализирани повеќе од 500 разговори. На телефонската линија за поддршка на жени во бременост и после породување се реализирани 50 разговори, а на линиите на албански јазик, како и на линијата за поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа во периодот на карантин на тие општини реализирани се 1.000 разговори.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира