4 ГОДИНИ И 8 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА КОЧАН, ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО ЗА АВИРОВИЌ, ПРЕСУДИ АПЕЛАЦИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ НА СЈО „ТРУСТ“

    4 ГОДИНИ И 8 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА КОЧАН, ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО ЗА АВИРОВИЌ, ПРЕСУДИ АПЕЛАЦИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ НА СЈО „ТРУСТ“Апелација делумно ги уважи жалбите во однос на висината и видот на казните. - Сеад Кочан пред Основниот суд Скопје 1 (архивска фотографија)

    Апелациониот суд Скопје му ја намали казната на бизнисменот Сеад Кочан од 6 години затвор на 4 години и 8 месеци во предметот на СЈО „Труст“, додека второобвинетиот Василие Авировиќ доби две години условна казна, место 3 години затвор, како што беше првостепената пресуда. Со тоа, Апелација делумно им ги уважи жалбите во однос на висината и видот на казните, додека во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

    „По одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетите С. К. од С. и В. А. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот С. К. го осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години и осум (осум) месеци, а на обвинетиот В. А. му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од 2 (две) години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 (пет) години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди“, соопшти Апелациониот суд Скопје.

    Двајцата се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари