4 ПОЧИНАТИ, 26 НОВИ РЕГИСТРИРАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

    4 ПОЧИНАТИ, 26 НОВИ РЕГИСТРИРАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19За време на полициски час за викенд, една од мерките за справување со епидемијата на коронавирус, дозволено е шетање кучиња во три термини дневно. (Фото: К. Попов)

    Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти: двајца од Скопје (79 и 63), еден од Велес (58) и еден од Прилеп (67). Вкупно починати досега од КОВИД-19 се 38 лица.

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1 и Пробиштип – 1.

    Како што соопштија од Министерството за здравство, денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјава сега изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

    • Скопје – 316
    • Куманово – 211
    • Дебар – 49
    • Штип-27
    • Прилеп –75
    • Тетово – 37
    • Струга – 43
    • Велес – 32
    • Битола –9
    • Охрид –4
    • Кавадарци – 3
    • Гостивар –8
    • Гевгелија – 4
    • Струмица – 2
    • Крива Паланка-3
    • Радовиш – 4
    • Крушево – 3
    • Кочани – 22
    • Пробиштип – 2

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира