41 ПАЦИЕНТ ПРИМЕНИ ВО КОВИД-ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА, ВКУПНО ЛЕЖАТ 393 БОЛНИ

    41 ПАЦИЕНТ ПРИМЕНИ ВО КОВИД-ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА, ВКУПНО ЛЕЖАТ 393 БОЛНИНа Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа имало 21 прием. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во изминатите 24 часа во Kовид-центрите во Скопје хоспитализрани се 41 нов пациент поради компликации од коронавирусот, a пријавени се 35 оздравени пациенти кои се пуштени дома. Според Министерството за здравствп, вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

    Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 10 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ и седум пациенти се примени во Ковид- центарот на Клниката за неврологија. На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа имало 21 прием, а во  Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ се примени 10 нови пациенти.
    На Кожната клиника во Ковид-центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти сомнителни и позитивни на ковид-19. Во „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент, од кои се 12 деца и 28 возрасни.

    „И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во Ковид-центрите на Интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ‘ 8 Септември’. Се очекува да започнат со работа и новите Ковид- центри на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија“, додаваат од Министерството.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 44.898, оздравеа 26.289, починаа 1.263, а 17.346 се активни случаи.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира