46 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА, МЕЃУ НИВ И 28-ГОДИШНО ЛИЦЕ

    46 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА, МЕЃУ НИВ И 28-ГОДИШНО ЛИЦЕНајмногу од починатите, 19, се од Скопје. - Вработени од погребалната служба на „Бутел“ пред монтажната болница. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Четириесет и шест лица починаа од ковид-19 за 24 часа, меѓу кои и 28-годишен пациен, соопшти Министерството за здравство. Ова е највисока дневна бројка на починати во земјава од почетокот на коронакризата. Вкупно досега по компликации од коронавирус починаа 2.023 граѓанки и граѓани.

    „28-годишниот пациент бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 7 декември во многу тешка состојба, а починал на 8 декември. Пациентот имал хронично заболување“, велат од Министерството за здравство за СКАМДАКАЖАМ.МК.

    Починати се 19 пациенти од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84), еден од Дебар (74), еден од Штип (81) и еден од Прилеп (83), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67), двајца од Струга (61 и 61), тројца од Велес (68, 68 и 59), тројца од Охрид (71, 89 и 57), еден пациент од Кавадарци (64), еден од Гостивар (59), тројца од Струмица (73, 75 и 83), двајца од Кочани (82 и 70), еден од Демир Хисар (71), еден од Македонски Брод (64) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67). Министерството за здравство вели дека од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

    Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, Прилеп-36, Тетово-47, Струга-1, Велес-31, Битола-8, Охрид-19, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15, Неготино-10.

    Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.376 и има околу 160 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од: Скопје-252, Куманово-18, Штип-34, Прилеп-47, Тетово-22, Струга-34, Велес-35, Битола-33, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-39, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-60, Кочани-5, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Виница-7, Кратово-4, Свети Николе-10, Кичево-24, Ресен-13 и Неготино-13.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 69.954, оздравеа 46.352, а активни случаи се 21.579.

    Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 30273, активни 10886
    • Куманово 4113, активни 655
    • Дебар 525, активни 139
    • Штип 2943, активни 476
    • Прилеп 3470, активни 961
    • Тетово 4226, активни 1024
    • Струга 1670, активни 418
    • Велес 2299, активни 694
    • Битола 2468, активни 879
    • Охрид 1888, активни 558
    • Кавадарци 1536, активни 584
    • Гостивар 2947, активни 916
    • Гевгелија 863, активни 268 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 150 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1907, активни 592
    • Крива Паланка 498, активни 136
    • Радовиш 491, активни 128
    • Крушево 148, активни 18
    • Кочани 1352, активни 250
    • Пробиштип 391, активни 77
    • Демир Хисар 212, активни 54
    • Македонски Брод 189, активни 40
    • Пехчево 113, активни 19
    • Берово 436, активни 119
    • Валандово 238, активни 56
    • Виница 405, активни 128
    • Делчево 568, активни 290 (162 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 171, активни 42
    • Свети Николе 935, активни 209
    • Кичево 1385, активни 401
    • Ресен 536, активни 199
    • Неготино 758, активни 363 (114 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.470 теста се преку: ИЈЗ-571, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-206, Биотек-119, МАНУ -203, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Систина со ПЦР метода -173, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -32, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на ковид -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира