482 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 12 ПОЧИНАТИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА И УШТЕ 5 ОД 12 ДО 23 ОКТОМВРИ

    482 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 12 ПОЧИНАТИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА И УШТЕ 5 ОД 12 ДО 23 ОКТОМВРИБројот на активни случаи изнесува 6.292. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 482 нови случаи на ковид-19 од направени се 4.151 тестирањe, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 194, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26,Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19,Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Гостивар и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Радовиш,Виница, Кратово и Демир Хисар – по 2, Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Куманово(89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп(85г,77г,68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице е починато дома.

    Дополнително, денеска се пријавени уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. 2 од починатите лица од Скопје, 2 од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од овие пријавени лица, тројца се починати во домашни услови,а две лица се починати во болнички услови.

    Направените 4.151 тест се преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-69, ЦЈЗ Тетово–61, ЦЈЗ Куманово-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–173, Жан Митрев (Филип Втори)-100,Авицена-209, Биотек-259, Систина-69, лабораторија Лаор-246, Синлаб-20, Ремедика-19, Плодност–38, Генеа-12, Никоб лаб-443, ВФВ Медикал-67, Ели Медика-79,Ројал Медика –45, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.716.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира