500 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

    500 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕден Дончев директор на Фондот за здравствено осигурување рече дека за јавните здравствени установи за следната година одвоени се 16,5 милијарди денари или 1,5 милјарди евра (фото: Министерство за здравство)

    Буџетот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за 2019 година ќе биде 500 милиони евра или 30,793 милијарди денари. Директорот на ФЗОМ Ден Дончев рече дека следната година буџетот е зголемен за 2,2 милијарди денари во однос на 2018 година, а дека за јавните здравствени установи за следната година одвоени се 16,5 милијарди денари или  1,5 милијарди денари поголем во однос на 2018 година.

    Условни буџети според Дончев ќе добијат Клиниката за хематологија, Клиниката за гастренетрохепатологија, Детската клиника, Клиниката за кардиологија, Клиниката за очни болести, Институтот за трансфузиона медицина и ПЕТ центарот.

    „Клиниката за гастроентерохепатологија ќе добие 10 милиони денари за биолошка терапија за Кронова болест, Детска клиника ќе добие 30 милиони денари за набавка на лекови за хемофилија, Клиниката за кардиологија ќе добие дополнителни 20 милиони денари за набавка на 1.000 стентови, Институтот за трансфузиона медицина ќе добие 30 милиони денари за прилагодување на стандардите кон НАТО, ПЕТ центарот ќе добие 25 милиони денари, а Очна клиника ќе добие 8 милиони денари за препарат за дијабетична ретинопатија“, рече Дончев.

    Тој кажа дека 3.180 милијарди денари ќе добијат матичните лекари, од кои 30 милиони денари се за зголемена капитација на матичните гинеколози, а 530 милиони денари се за набавка на ортопедски помагала или 70 милиони денари повеќе од лани.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари