68 НОВОЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ОД КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 828

    68 НОВОЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ОД КОРОНАВИРУС, ВКУПНО 828Четирисет и еден пациент се излекувани, 34 починаа, а активни случаи се 733. (Фото: К. Попов)

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на КОВИД-19, и вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава изнесува 828 лица, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Четирисет и еден пациент се излекувани, 34 починаа, а активни случаи се 733.

    По градови новите пациенти се од:

    – Скопје 15
    – Куманово 18
    – Прилеп 14
    – Тетово 2
    – Струга 10
    – Велес 6
    – Битола 1
    – Гостивар 1
    – Кочани 1

    Во изминатото деноноќие направени се 404 теста,. Досега се направени вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.

    На Инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка.

    На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира