7 ПОЧИНАТИ, 125 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.019 ТЕСТИРАЊА

    7 ПОЧИНАТИ, 125 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.019 ТЕСТИРАЊАИнфективниот оддел на болницата „8 Септември“, каде што во изминативе 24 часа починаа две пациентки. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 125 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.019 тестирање, соопшти Министерството за здравство. Од овие 125 случаи, 89 се од Скопје, 11 од Тетово, 8 од Охрид, 4 од Куманово, 3 од Струга, по 2 од Штип, Прилеп и Струмица и по 1 од Велес, Гостивар, Кичево и Ресен.

    Министерството за здравство соопшти и за седуммина починати пациенти со КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46) која починала при прием во амбулантата. Во болницата „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

    Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на КОВИД-19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира