8-ГОДИШНО ДЕТЕ ИСКРВАРЕЛО ДО СМРТ ПО КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ ВО СКОПЈЕ

    8-ГОДИШНО ДЕТЕ ИСКРВАРЕЛО ДО СМРТ ПО КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ ВО СКОПЈЕДетето било донесено без витални знаци во Болницата „Св. Наум Охридски“. (Фото: К. Попов)

    Осумгодишно дете од Скопје вчера починa откако беше каснато од куче, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Во соопштението се вели дека според пријавеното, детето починало по напад од куче во сопственост на неговиот сосед Н. Г.

    „Во текот на вчерашниот ден, во 17:22 часот на нашата Клиника е донесено 8-годишно дете поради повреди во пределот на главата и вратот, нанесени од каснување од куче. Во моментот на прием детето е без витални знаци, искрварено. Веднаш се преземени мерки за реанимација, за жал без успех“, ни изјави директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Љубен Арсенков.

    За несреќата е известен јавен обвинител, а телото на несреќното дете е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира