8 ПОЧИНАТИ И 345 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 2.455 ТЕСТОВИ

    8 ПОЧИНАТИ И 345 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС ОД 2.455 ТЕСТОВИВо Ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспиталиизрани 17 нови пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Осум пациенти починаа во болнички услови за 24 часа по компликации од ковид-19, а регистрирани се 345 нови случаи од 2.455 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Починати се еден пациент од Струга (69), двајца од Велес (82 и 57), еден од Битола (82), еден од Гостивар (70), еден од Гевгелија (78), еден од Струмица (81) и еден пациент од Валандово (48).

    Во Скопје се регистрирани 129 нови позитивни, во Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14.

    На Инфективните одделенија во земјава лежат 798 болни, а има околу 450 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје-124, Куманово-19, Штип-12, Прилеп-16, Тетово-27, Велес-9, Битола-18, Гостивар-10, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-7, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-3.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 86.494, оздравеа 67.453, починаа 2.622, а активни случаи се 16.419.

    Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 37455, активни 10022
    • Куманово 4886, активни 476
    • Дебар 682, активни 136
    • Штип 3379, активни 184
    • Прилеп 4372, активни 384
    • Тетово 4870, активни 698
    • Струга 2094, активни 234
    • Велес 2867, активни 390
    • Битола 3112, активни 392
    • Охрид 2566, активни 452
    • Кавадарци 2286, активни 500
    • Гостивар 3457, активни 433
    • Гевгелија 1215, активни 216 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2391, активни 438
    • Крива Паланка 671, активни 104
    • Радовиш 649, активни 73
    • Крушево 173, активни 21
    • Кочани 1652, активни 169
    • Пробиштип 462, активни 34
    • Демир Хисар 239, активни 29
    • Македонски Брод 227, активни 13
    • Пехчево 165, активни 22
    • Берово 543, активни 68
    • Валандово 318, активни 34
    • Виница 463, активни 62
    • Делчево 683, активни 204 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 201, активни 16
    • Свети Николе 1050, активни 65
    • Кичево 1613, активни 179
    • Ресен 668, активни 114
    • Неготино 1085, активни 257 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.455 теста се преку: ИЈЗ-650, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-425, Биотек-245, МАНУ -105, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со ПЦР метода -428, лабораторија Лаор –197, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-29, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -81, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на ковид -19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира