9 ПОЧИНАТИ И 722 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 3.701 ТЕСТ, ВО БОЛНИЦИТЕ СЕ ЛЕКУВААТ 795

    9 ПОЧИНАТИ И 722 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 3.701 ТЕСТ, ВО БОЛНИЦИТЕ СЕ ЛЕКУВААТ 795Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во последните 24 часа се регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 од направени 3.701 тестирање, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се во: Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

    Изминатото деноноќие се пријавени 9 починати лица. Починати се четири пациенти од Скопје (81г, 75г ,74г, 73г) и по еден пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

    Направени се 3.701 тест преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-113, Авицена-371, Биотек-297, Жан Митрев (Филип Втори)-205, Систина-290, лабораторија Лаор–383, МАНУ-0, Судска медицина-33, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-148, Ремедика-59, лабораторија болница Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1190, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

    Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 795, од кои 303 во Скопје, и има околу 342 празни болнички кревети во ковид центрите.

    Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата на нови и активни случаи по градови е следна:

    Скопје 375, активни 4.309
    Куманово 20, активни 353
    Прилеп 44, активни 719
    Тетово 22, активни 262
    Гостивар 23, активни 177
    Штип 15, активни 118
    Кавадарци 35, активни 549
    Велес 11, активни 245
    Битола 25, активни 212
    Охрид 16, активни 444
    Струмица 10, активни 187
    Струга 10, активни 178
    Кочани 10, активни 104
    Кичево 5, активни 48
    Неготино 13, активни 310
    Гевгелија 29, активни 278
    Свети Николе 5, активни 24
    Крива Паланка 14, активни 140
    Ресен 5, активни 55
    Дебар, активни 17
    Делчево 2, активни 66
    Радовиш 5, активни 15
    Берово 5, активни 33
    Пробиштип 2, активни 37
    Виница, активни 23
    Валандово 3, активни 36
    Крушево 5, активни 82
    Богданци 9, активни 68
    Кратово 1, активни 27
    Демир Хисар 1, активни 26
    Демир Капија 2, активни 32
    Македонски Брод, активни 5
    Македонска Каменица, активни 2
    Пехчево, активни 4
    Дојран, активни 1

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира