934 НОВИ БОЛНИ ОД КОВИД-19 ОД 2.748 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА ПЕТМИНА, АКТИВНИ СЛУЧАИ СЕ 9.058

    934 НОВИ БОЛНИ ОД КОВИД-19 ОД 2.748 ТЕСТОВИ, ПОЧИНАА ПЕТМИНА, АКТИВНИ СЛУЧАИ СЕ 9.058На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 158 пациент, а 113 се на кислородна поддршка. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 2.748 тестови во земјава се регистрирани 934 нови случаи на ковид-19 ва последните 24 часа, а починаа 5 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Најмногу се во Скопје-420, во Велес 82, Куманово-35, Дебар-5, Штип-20, Прилеп-61, Тетово-58, Струга-5, Битола-33, Охрид-23, Кавадарци-19, Гостивар-18, Гевгелија-13, Струмица-30, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-8, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-20, Ресен-6, Неготино-8.

    Во болнички услови починаа 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75) и двајца од Прилеп (73 и 78).

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 позитивни и 6 суспектни деца на Ковид-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот. Во Градската општа болница ( ГОБ) „8 Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент. На Инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје-273, Куманово-15, Штип-15, Прилеп-16, Тетово-21, Струга-8, Велес-5, Битола-4, Охрид-8, Кавадарци-6, Гостивар-11, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-2, Радовиш-10, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово -4, Валандово-2, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3.

    Во земјава вкупно ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата се 30.488, оздравеа 20.448, починаа 982, а активни случаи се 9.058. Денеска се регистрираат четири контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 13.174, активни 4.283
    • Куманово 2.244, активни 379
    • Дебар 336, активни 58
    • Штип 1.645, активни 250
    • Прилеп 1.290, активни 449
    • Тетово 2.135, активни 507
    • Струга 819, активни 101
    • Велес 721, активни 335
    • Битола 670, активни 265
    • Охрид 698, активни 232
    • Кавадарци 490, активни 208
    • Гостивар 1.181, активни 185
    • Гевгелија 370, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 55 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 876, активни 484
    • Крива Паланка 232, активни 83
    • Радовиш 230, активни 75
    • Крушево 27, активни 7
    • Кочани 706, активни 224
    • Пробиштип 192, активни 57
    • Демир Хисар 82, активни 16
    • Македонски Брод 104, активни 8
    • Пехчево 60, активни 8
    • Берово 209, активни 49
    • Валандово 102, активни 38
    • Виница 177, активни 67
    • Делчево 246, активни 115 (59 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 50, активни 20
    • Свети Николе 481, активни 86
    • Кичево 551, активни 161
    • Ресен 244, активни 60
    • Неготино 146, активни 76 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.748 теста се преку: ИЈЗ-817, ЦЈЗ Скопје-132, Авицена-522, Биотек-280, МАНУ -221, Жан Митрев (Филип Втори) -301, Систина со ПЦР метода -175, лабораторија Лаор –137, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-81, Инфективна клиника-7, ГАК-0, Синлаб-60, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 246.105 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 216
    • Гази Баба – 562
    • Аеродром – 759
    • Карпош – 627
    • Центар – 561
    • Кисела Вода – 557
    • Ѓорче Петров – 369
    • Бутел – 205
    • Шуто Оризари – 40
    • Студеничани – 20
    • Сарај – 32
    • Арачиново -9
    • Илинден – 85
    • Сопиште – 37
    • Чучер Сандево – 23
    • Петровец –28
    • Зелениково -14
    • Странец – 33
    • Нераспределен- 106

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира