В СРЕДА НОВА ШАНСА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ

    В СРЕДА НОВА ШАНСА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИПратениците на ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до Државната комисија за спречување на корупција за таа да се произнесе дали треба да продолжи седницата бидејќи се распишани локалните избори, а во меѓувреме неколку пати побараа пауза од еден час во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери во 18 часот го прекина шестото продолжение на седницата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски и следната седница ја закажа за в среда во 11 часот. Џафери утре ќе има работна средба со претседателот на Собранието на Република Бугарија и затоа Собрането нема да има пленарна седница.

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до Државната комисија за спречување на корупција за таа да се произнесе дали треба да продолжи седницата бидејќи се распишани локалните избори, а во меѓувреме неколку пати побараа пауза од еден час во Собранието.

    Опозицијата побара, додека Комисијата да одговори на писмото, во Собранието да се стави точката за разрешување на Зврлевски во мирување, а да се расправа по други точки.

    – Да прекинеме со оваа пародија и да ја тргнете точката од дневен ред. Нека се изјасни Комисијата дали е ова е во согласност со законот, ако е ќе продолжиме, ако не е нема да продолжиме. Овие 2-3 дена може да се искористат за други поважни теми како пожарите, депонијата во Струга, мигрантите, Договорот со Бугарија. Не бегаме од работа и од дебата, тука сме ќе работиме – вели Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

    Собранискиот спикер Џафери рече дека Собранието работи по Уставот и Деловникот и дека испратеното барање до Антикорупциска не е пречка за негова работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира