АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ПРЕД ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА ПРВИН ДА КОРИСТАТ ОДМОР ЗА ДА НЕ СЕ ВРАТАТ СИТЕ ОДЕДНАШ

    АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ПРЕД ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА ПРВИН ДА КОРИСТАТ ОДМОР ЗА ДА НЕ СЕ ВРАТАТ СИТЕ ОДЕДНАШВраќањето треба да се одвива бавно, да не биде нагло, вели заменик-министерот за здравство Илир Хасани. - Човек одмора во центарот на Скопје (Фото: К. Попов)

    Од 1 јуни се укинува обврската да се носат маски на отворено, се дозволува организирање свадби и други прослави, се дозволува публика на спортските натпревари и се укинува забраната за групирање на отворено, а се очекува и јавната администрација конечно да се врати на работа во полн капацитет.

    Владата даде препорака административците целосно да се вратат на работа на 1 февруари, но веќе на 3 февруари, поради влошување на епидемиолошката состојба, ја повлече таквата препорака.

    Сепак, од Владата објаснуваат дека тие секако не носат одлука, туку само препорачуваат како да се одвива работниот процес врз основа на здравствените протоколи, а секоја институција сама одлучува за тоа како ќе го организира работното време. Од почетокот на пандемијата на ковид-19, државните институции работеа со ротации на вработените и во смени.

    Поголемиот дел од државните институциите веќе работат во полн состав и полно работно време, а дека е време сите административци да се вратат на работа смета и заменик-министерот за здравство Илир Хасани, но со напомена дека не треба да се брза и идејата му е тие да ги користат годишните одмори за да не се вратат сите одеднаш.

    „Мислам дека е време, полека да се вратат сите административци на работа. Идејата е поради пандемијата да се користат годишните одмори. Министерството за здравство дозволи да се користат годишните одмори од страна на вработените особено во здравството, така што враќањето треба да се одвива бавно, да не биде нагло. Мерките ќе бидат апсолутно контролирани од Министерството за здравство“, изјави Хасани на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци на 27 мај.

    Поради подобрената епидемиолошка состојба, наскоро се очекува и да почнат да се организираат настани и концерти на отворено. Комисијата за заразни болести треба да изработи протоколи за да може по 15 јуни да се организираат и ваков тип настани.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира