АДВОКАТОТ ДАНГОВ НЕКА ОДИ ВО УНГАРИЈА ДА МУ ПОМАГА ЗА АЗИЛ НА ГРУЕВСКИ, ТУКА ЗБОРУВАМЕ ДА МУ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО, КАЖА ФАТИМЕ ФЕТАИ НА СУДЕЊЕТО ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР

    АДВОКАТОТ ДАНГОВ НЕКА ОДИ ВО УНГАРИЈА ДА МУ ПОМАГА ЗА АЗИЛ НА ГРУЕВСКИ, ТУКА ЗБОРУВАМЕ ДА МУ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО, КАЖА ФАТИМЕ ФЕТАИ НА СУДЕЊЕТО ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАРОдбраната побара раздвојување на постапката, а не да му се суди на Груевски во отсуство. - Специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски на денешното судење (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи предложи, а судијата Душан Јосифов одобри, на избеганиот обвинет Никола Груевски да му се суди во отсуство за предметот Насилство и шамари во Општина Центар.

    „На обвинетиот Никола Груевски му се ставаат на товар дејствија на поттикнување и помагање на кривичното дело, па логично е да му се суди заедно со извршителите на делото“, рече обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски.

    Одбраната побара раздвојување на постапката, а не да му се суди на Груевски во отсуство. Тамам почна адвокатот Дангов да зборува дека не е точно оти Груевски бил недостапен, се знае каде е, дека бара азил пред унгарските власти, стана Фетаи и го прекина:

    „Чесен суде, ако сака колегата Дангов да му помогне за азил на избеганиот Груевски, нека оди во Унгарија да му помага. Ние тука зборуваме за предлог да му се суди во отсуство, а не за азилот негов“.

    Таа побара и мерка притвор, иако вчера во случајот „ТНТ“ за Космос на Фијат Цаноски му беше веќе одреден. Судијата Душан Јосифов за овој предлог рече дека ќе одлучи, откако ќе добие одговор од Собранието за предлог за притвор на пратеник.

    Избеганиот во Будимпешта Груевски е правосилно осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“. Тој требаше на 9 ноември да се пријави во затворот во Шутка на издржување на казната, но избега и побара азил во Унгарија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира