АХМЕТИ ЌЕ ПОЧЕКА УШТЕ НЕКОЈ ДЕН, ЗАЕВ НА БУБА МАРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АХМЕТИ ЌЕ ПОЧЕКА УШТЕ НЕКОЈ ДЕН, ЗАЕВ НА БУБА МАРА

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во седиштето на партијата во Мала Речица имаше состанок со своите потпретседатели на кој разговараа за понудата на СДСМ за формирање нова влада. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, вечерва беше забележан во Метрополис арената во Скопје на „Златна Буба Мара на популарноста“.

    Портпаролот на ДУИ Бујар Османи пред средбата на потесното претседателство кажа дека вечерва само ќе се разговара за тековни прашања во врска со мандатот за формирање влада, а одлуката ќе биде донесена деновиве, кога ќе биде закажана седница на Централното претседателско на партијата.

    Според Османи, седницата на Централното претседателство ќе биде свикана кога работните групи на партијата ќе имаат усогласени материјали по однос на прашањата и на предлозите што ДУИ ги постави како услови без кои не може да се преговара.

    „Еден од тие услови е официјална употреба на албанскиот јазик, предлог кој е доставен од ДУИ, и тој не е почетна позиција за преговори, туку е услов без кој не се може. Тој текст не може да биде предмет на преговори или да се стесни во ниту една буква, тоа е оптимумот што го предвидуваат Рамковниот договор и Уставот, и во ниту еден дел не излегува од Уставот, но го решава ова прашање кое не е решено со Рамковниот договор. Значи, текстот не е предмет на преговори, туку се работи за прифаќање или неприфаќање“, рече Османи.

    Во Метрополис арената, кадешто беше Заев, со изведба на мексиканската Мама Хуанита беше одбележано признанието Златна Буба Мара за животно дело на ансамблот Мањифико. Песната заедно ја испеја четиричленото семејство Панче, Невенка, Лидија и Тања Кочовски. Нивниот настап предизвика бура на емоции на јубилејното 20. издание на популарната манифестација „Златна Буба Мара на популарноста“.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари