АКО БУГАРИЈА ОПСТОИ НА ВЕТОТО, ЈАС ЛИЧНО ЌЕ СЕ ЗАЛОЖАМ ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ КОЕ ЌЕ Ѝ ОВОЗМОЖИ НА МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ПОЛНОПРАВНА ЧЛЕНКА НА ЕУ, КАЖА ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА

    АКО БУГАРИЈА ОПСТОИ НА ВЕТОТО, ЈАС ЛИЧНО ЌЕ СЕ ЗАЛОЖАМ ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ КОЕ ЌЕ Ѝ ОВОЗМОЖИ НА МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ПОЛНОПРАВНА ЧЛЕНКА НА ЕУ, КАЖА ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДАПолскиот претседател Анджеј Дуда е во дводневна посета на Македонија. (Фото: К. Попов)

    Полскиот претседател Анджеј Дуда вели дека ако и новите бугарски власти продолжат да бидат неконструктивни во врска со пристапувањето на Македонија во ЕУ, тој лично, како претседател, ќе се заложи да се најде решение кое ќе ѝ овозможи на Македонија да стане полноправна членка на ЕУ. Но, додаде дека се надева дека новите бугарски власти ќе имаат нова, поконструктивна позиција по ова прашање.

    „Бугарија сè уште е во изборен процес, чекаме формирање на нова влада. Уште има многу прашалници и ситуацијата треба да се разјасни. Се надеваме дека новите власти во Бугарија ќе имаат нова, поконструктивна позиција во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ. Од мојата страна би сакал да ве уверам дека Полска дава постојана поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и лично како претседател на Полска би сакал јавно да декларирам дека доколку Република Бугарија и бугарските политички власти и натаму реагираат неконструктивно за влез на Република Северна Македонија во ЕУ, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некое решение кое ќе и овозможи на Република Северна Македонија пристапување во ЕУ на принципите на полноправно членство “, рече Дуда, одговарајќи на новинарско прашање за бугарското вето, на заедничката прес-конференција со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

    Пендаровски, пак, рече дека е претпазлив во врска со најавите од Бугарија за нов пристап кон Македонија. Негов став засега е дека не треба да се занимаваме со изјави кои доаѓаат од луѓе кои уште се кандидати на избори.

    „Тоа се луѓе кои сè уште немаат целосен политички легитимитет или се кандидати кои треба допрва да станат членови на власта. Јас сум претпазлив реалист. Толку многу пати се изгоревме, чекајќи од Софија да се дигне блокадата, па затоа би почекал за да видиме со кого ќе разговараме во понатамошниот период“, кажа Пендаровски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира