АКО ИМА ДОГОВОР ЗА ИМЕТО, ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН ВО ПРЕСПА, ОБЈАВИЈА ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ

    АКО ИМА ДОГОВОР ЗА ИМЕТО, ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН ВО ПРЕСПА, ОБЈАВИЈА ГРЧКИТЕ МЕДИУМИПремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас се поздравуваат пред нивната средба утринава во Софија. (Фото: СДК.МК)

    Македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денеска во Софија преговараат за името, а според грчките медиуми, ако има договор, без разлика кога ќе се постигне, наводно веќе е договорено заеднички да се потпише во Преспа.

    И во двете земји постои воздржан оптимизам, па и владите со последните изјави само ја нагласуваат важноста и неизвесноста на резултатот од средбата, но и најавуваат дека има уште време и простор за конечен договор.

    Ципрас вели дека е оптимист и не ги крие големите очекувања од средбата со неговиот македонски колега, иако рече дека „последните чекори се секогаш најтешки“.

    Заев, пак, уште повоздржано изјави дека „ова е добар момент да потврдиме што сè е до сега постигнато“.

    Ако може да се концентрираат двете оценки околу шансите за договор, тогаш излегува дека во Атина сметаат дека „чашата е до половина полна“, а во Скопје дека „чашата е до половина празна“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира