АКО ИМА ПОТРЕБА, 200 АНЕСТЕЗИОЛОЗИ И 440 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ СЕ СПРЕМНИ ДА БИДАТ ПРЕРАСПОРЕДЕНИ, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    АКО ИМА ПОТРЕБА, 200 АНЕСТЕЗИОЛОЗИ И 440 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ СЕ СПРЕМНИ ДА БИДАТ ПРЕРАСПОРЕДЕНИ, КАЖА ФИЛИПЧЕДосега денеска нема нови случаи на заразени, а Филипче кажа дека се тестираат седум лица. - Од Клиничкиот центар во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека веќе е направен список со лекари, анестезиолози и медицински сестри кои по потреба ќе ротираат по здравствените институции, но тој се надева дека нема да дојде до таква ситуација. Филипче рече дека на располагање се 440 медицински сестри и 200 анестезиолози.

    „Веќе е спремен списокот на лекари, анестезиолози и медицински сестри кои по потреба ќе ротираат во институциите каде што е потребно, но се надевам дека нема да дојдеме во ситуација да имаме многу случаи на машини за дишење. На располагање се 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од целата држава“, кажа Филипче на денешната прес-конференција за состојбата со коронавирусот.

    Досега денеска нема нови случаи на заразени, а Филипче кажа дека се тестираат седум лица.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира