АКО ТРЕБА, ИЗБОРИ ЌЕ ИМА НА 25 НОЕМВРИ, СО ЦИПРАС ОСТАНУВАМЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО, КАЖА ЗАЕВ

    АКО ТРЕБА, ИЗБОРИ ЌЕ ИМА НА 25 НОЕМВРИ, СО ЦИПРАС ОСТАНУВАМЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО, КАЖА ЗАЕВ„Не треба да си изграме играчки, треба да ја следиме волјата на народот. Крај на ноември, односно 25 ноември, е примамлив датум за избори. Но да дадеме време прво на Парламентот", рече Заев (Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека вечерва размениле пораки со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој ја поздравил одлуката на граѓаните кои гласале на референдумот за името.

    „Заклучивме дека остануваме двете страни на имплементација на Договорот за името“, рече Заев.

    Заев кажа дека ако е потребно ќе побара средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со лидерите на сите политички партии за да Договорот биде изгласан во Парламентот. Ако тоа не успее, повтори дека ќе се оди на предвремени парламентарни избори, а како можен датум го посочи 25 ноември.

    „Не треба да си изграме играчки, треба да ја следиме волјата на народот. Крај на ноември, односно 25 ноември, е примамлив датум за избори. Но да дадеме време прво на Парламентот”, рече Заев.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира