АКО ЗАКОНОТ ВО СОБРАНИЕТО Е ДВА ПАТИ ИЗГЛАСАН, АВТОМАТСКИ ДА СТАПИ ВО СИЛА БЕЗ ПОТПИС НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, РЕЧЕ ДИМИТРОВ НА ДЕБАТАТА ВО МАНУ

    АКО  ЗАКОНОТ ВО СОБРАНИЕТО Е ДВА ПАТИ ИЗГЛАСАН, АВТОМАТСКИ ДА СТАПИ ВО СИЛА БЕЗ ПОТПИС НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, РЕЧЕ ДИМИТРОВ НА ДЕБАТАТА ВО МАНУНа третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за промена на Уставот во МАНУ беше отворена дилемата дали да се предвиди во Уставот одредби за да се надмине правна празнина ако претседателот на државата не сака да стави потпис на законите (Фото: Влада на РМ)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров на третата дебата за нацрт-амандманите на Уставот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) рече дека треба да се предвиди оти ако по втор пат е изгласан закон од Собранието, а  претседателот на државата не го потпише, тој автоматски да биде прогласен и да стапи во сила.

    „Има уште една сугестија што не се однесува на Договорот од Преспа. Јас лично мислам дека уставотворците никогаш не предвиделе дека Македонија некогаш ќе има претседател кој нема да ја следи својата должност да потпише документ, закон, да го прогласи што двапати ќе помине во Собранието. Тоа во Уставот е децидно наведено, но ние денес имаме таква ситуација. Законот за ратификација на  Договорот со Грција за решавање на спорот за името, во Собранието беше изгласан  двапати, но тој уште не е потпишан и не е објавен во Службен весник. Можеби треба се предвиди да се смета дека ако потписот е даден кога втор пат законот ќе биде изгласан“, рече Димитров на денешната дебата за нацрт-амандманите за промена на Уставот во МАНУ.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари