АКЦИЈАТА ЗА ЗАПЛЕНА НА КОКАИН ВО ГРЧЕЦ И ГАЗИ БАБА ПРОБИЕНА, ФАТЕНИ ПРОДАВАЧИТЕ, НАРКО-БОСОВИТЕ ИЗБЕГАЛЕ, НО СЕ ЗНАЕ КОИ СЕ

    АКЦИЈАТА ЗА ЗАПЛЕНА НА КОКАИН ВО ГРЧЕЦ И ГАЗИ БАБА ПРОБИЕНА, ФАТЕНИ ПРОДАВАЧИТЕ, НАРКО-БОСОВИТЕ ИЗБЕГАЛЕ, НО СЕ ЗНАЕ КОИ СЕВо вчерашната акција полицијата одзела 80.000 евра, 300.000 денари и 500 франци. Само 600 грама кокаин нашла, другото било навреме тргнато, по мистериозната дојава од непознато лице или лица. - Обвинителката Вилма Русковска (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Големата акција на МВР и на Обвинителството за организиран криминал и корупција е пробиена, а од запленетите телефони на притворените дилери ќе се утврдува кој им дојавил за да ја скријат дрогата и нарко-босовите да избегаат.

    На прес-конференција денеска шефицата на ОЈО за организиран криминал и корупција Вилма Русковска кажа дека една година двајца обвинители и истражители со посебни истражни мерки тајно ги следеле, снимале, прислушувале над 20-тина лица во мрежата од Грчец и Гази Баба за продавање на кокаин и други наркотични средства и дека се собрани докази за сите поединечно, без оглед што по дојавата, тие дрогата складирана на безбедни места надвор од нивните домови, ја сокриле пред вчерашната акција на полицијата.

    „Она што е важно, е дека во текот на следењето на овие две групи, пресретнати се продажбите, дрога е одземана цела година колку што траат ПИ-мерките. Таа што е за лична употреба е одземена и дадена на вештачење. Дрогата што е фатена за препродавање исто така е одземена, против тие дилери се поднесувани повеќе кривични пријави преку годината”, кажа Русковска.

    Во вчерашната акција полицијата одзела 80.000 евра, 300.000 денари и 500 франци. Само 600 грама кокаин нашла, другото било навреме тргнато, по мистериозната дојава од непознато лице или лица.

    „Одземени се само 3 возила, од најлуксузните ги најдовме само клучевите, а за некои ни тоа”, кажа Русковска.

    Во Грчец е извршен претрес на 26 локации. 13 лица се уапсени. За 9 е побарана мерка притвор, за тројца куќен. Во оваа група има и малолетник за кого ќе се води посебна постапка.

    Пет лица од Грчец, за кои има докази дека се сопственици на кокаинот, односно се нарко-босовите, се моментално недостапни. Тие избегале кога им било дојавено дека ќе има акција на полицијата.

    Во Гази Баба е извршен претрес на 9 локации, 8 лица се во притвор, по едно се трага.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира