АЛАЃОЗОВСКИ СО ПЕТЧЛЕНА РАБОТНА ГРУПА ЌЕ ГО АНАЛИЗИРА „СКОПЈЕ 2014“

    АЛАЃОЗОВСКИ СО ПЕТЧЛЕНА РАБОТНА ГРУПА ЌЕ ГО АНАЛИЗИРА „СКОПЈЕ 2014“Координатор на групата е проф. д-р Мирослав Грчев, а членови се м-р Никола Наумоски, Мартин Пановски, доц. д-р. Донка Барџиева - Трајковска, и Златко Теодосиевски

    Петчлена работна група за изработка на анализа за реализацијата и последиците од проектот „Скопје 2014” формирал вчера министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, соопшти Министерството за култура. Координатор на групата е проф. д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ, а членови се м-р Никола Наумоски, политиколог и комуниколог, Мартин Пановски, дипломиран инженер – архитект, доц. д-р. Донка Барџиева – Трајковска, историчар на уметност и конзерватор и Златко Теодосиевски, ликовен критичар и советник -куратор.

    „Работната група има за задача да подготви анализа на реализацијата на досегашните активности од т.н. ‘Проект Скопје 2014’, во која ќе изврши евалуација на сите аспекти од проектот во надлежност на Министерството за култура и ќе даде предлог за можни решенија и мерки за реализација на активности во наредниот период“, вели Министерството и додадава дека на првиот состанок, членовите на работната група констатирале оти најнапред ќе биде потребно да извршат инвентаризација на сите објекти од „Скопје 2014”, која ќе биде составен дел од анализата.

    „Членовите, исто така, констатираа дека ќе биде потребно формирање на специјализирани подгрупи, составени од докажани професионалци од повеќе сфери релевантни за анализата, а коишто ќе третираат различни аспекти на т.н. ‘Проект Скопје 2014’’, вели Министреството за култура.

    Контроверзниот проект „Скопје 2014“ е дело на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски за кој се потрошија околу 700 милиони евра и се изградија споменици и нови објекти во неокласичен стил, а  власта со барокни фасади преслече голем дел објекти од македонската модерна во центарот на главниот град меѓу кои и владината зграда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира