АЛБАНЦИ ВО ГОСТИВАР МЕ ПРЕГРНУВАА И МИ ВЕЛЕА ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, КАЖА МИЦКОСКИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

    АЛБАНЦИ ВО ГОСТИВАР МЕ ПРЕГРНУВАА И МИ ВЕЛЕА ЌЕ ГЛАСААТ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, КАЖА МИЦКОСКИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБАМицкоски по лидерската средба рече дека на 12 април ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите, а очекува гласови и од Албанците. - Мицкоски и Јанушев пристигнуваат на лидерската средба. (Фото: К.Попов)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предвремените парламентарни избори на 12 април очекува поддршка да добие не само од Македонците туку и од Албанците и другите етнички заедници во земјава.

    Мицкоски после лидерската средба рече дека на 12 април ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите. Прашан како очекува победа на избори со поддршка само од Македонците и со посети и средби со граѓани само на општини каде нема мнозинско албанско населени, Мицкоски одговори дека за нив ќе гласаат сите етнички заедници во Македонија.

    „Вчера бев во Гостивар каде мнозинство од жителите се Албанци. Имав можност да разговарам со голем дел од жителите Албанци и Турци, да станат од локалите каде што седеа за да се поздрават, дел ме прегрнаа и ми кажаа дека ќе дадат поддршка за мене и за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи се разочарани од сето она што во минатото го доживеале и од СДСМ и од албанските партии“, рече Мицкоски.

    На лидерската средба беше договорено техничката влада да биде формирана на 3 јануари, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Опозициската партија ќе има и заменик-министер за финансии, земјоделие и информатичко општество и администрација. Кои ќе бидат министрите од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада Мицкоски рече уште е рано да се говори за имиња.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира