АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ГО ПРИФАЌА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ БАРА ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ДА НЕМА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА

    АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ГО ПРИФАЌА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ БАРА ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ДА НЕМА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊАЛидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски. (Фото: К. Попов)

    Коалициониот партнер на Владата Демократски сојуз не го прифаќа францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и почеток на пристапните преговори на Македонина со ЕУ бидејќи, според нив, билатералните прашање се дел од преговарачката рамка. Откако во партијата го разгледале предлогот, соопштија дека бараат Владата да инсистира да се преработи преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди.

    Од Демократски сојуз велат дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа.

    Уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија. Посебно нагласуваме дека не смеат да се прифатат разговори за македонските револуционери кои се во кодот на секој Македонец, како што се Гоце Делчев, Јане Сандански, Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на македонските национални празници, Илинден“, велат од Демократски сојуз.

    За опозициската Алијанса за Албанците францускиот предлог е прифатлив. Лидерот на партијата Зијадин Села денеска имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски, по која изјави дека единствен пат за Македонија треба да биде Европската унија и партиите не треба да размислуваат за добивање политички поени туку за мирен регион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира