СО АМАНДМАНИТЕ ГЛУМИТЕ ДЕКА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА НАРОДОТ, А 11 ГОДИНИ СЕ ГРИЖЕВТЕ ЗА ФАМИЛИЈАТА, ИМ ОДГОВОРИ КОВАЧЕВСКИ НА ВМРО-ДПМНЕ НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ

    СО АМАНДМАНИТЕ ГЛУМИТЕ ДЕКА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА НАРОДОТ, А 11 ГОДИНИ СЕ ГРИЖЕВТЕ ЗА ФАМИЛИЈАТА, ИМ ОДГОВОРИ КОВАЧЕВСКИ НА ВМРО-ДПМНЕ НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ„11 години сте имале фластер на устите“, им рече пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ на колегите од ВМРО-ДПМНЕ (Фото: СДК.МК)

     

    Се вжести расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде втор ден се расправа за ребалансот на Буџетот.

    „Ова е ребаланс на Буџет што вие го предимензиониравте за изборите во декември 2016. Тогаш немаше потреба да се решат проблемите што сега ги кажувате?  Овие 706 проекти за кои имате амандмани не ги знаевте во ноември лани кога се носеше Буџетот? Срамно е да признаете дека 706 проблеми сте ги знаеле, а не сте ги вградиле во Буџетот. Ние за нив жестоко се боревме, а вие ни ги одбивавте. Сега се сменија улогите и ќе глумите конструктивна опозиција што се грижи за граѓаните. Што правевте 11 години, се грижевте за фамилијата!“, одговори Васко Ковачевски од СДСМ на прозивките на опозицијата, чии пратеници имаа остри забелешки за кратењата кај проекти за кои СДСМ како опозиција се залагала.

    Пратениците од СДСМ излегоа од салата кога збор зеде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, кој при организираниот напад на Собранието на 27 април ги отвори вратите за да влезат насилниците (Фото: СДК.МК)

    „Жал ми е што министерот за финансии не е овде. Тој не е министер за енергетика па да ја чувствува позитивната енергија во салата, како што кажа вчера, туку да ни објасни зошто скратил 92 ставки. Треба да ги слушне нашите амандмани. Да се намало усул во кратењата“, кажа Димитар Стевананџија, споменувајќи ги минусните ставки во ребалансот – 56 милиони денари за инсулин, 100 милиони денари за рурален развој, 166 милиони денари кај културносто наследство, 36 милиони денари кај имунизацијата.

    „Ова е Собрание, не стенд ап комедија“, му реплицираше Ковачевски, потсетувајќи го дека за 11 години власт потрошиле 30 милиони евра буџети. „Со оваа дискусија само признавате дека имавте погрешни политики 11 години. Какви луѓе бевте ви кажа вашиот министер за финансии, мене ми е ниско да ви кажам. 11 години сте имале фластер на устите“, рече Ковачевски.

    На дискусиите имаше многу дофрлувања од клупите. Во еден момент претседателката на комисијата Лилјана Кузмановска (ВМРО-ДПМНЕ) му забележа на Ковачевски дека ги провоцира дофрлувањата, а тој на дофрлувањето дека има кратење кај студентскиот стандард  одговори: „Студентскиот стандард беше лош зашто некои јаделе коњи и бизони“.

    А. САЛТИРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира