Амбасадорката Кејт Брнз разговараше со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, за да им ја нагласи потребата од конструктивна и вклучена опозиција, соопшти Американската амбасада во Скопје.
„Амбасадорката Брнз ги охрабри двајцата лидери да соработуваат со другите на решавање на предизвиците со кои што се соочува земјата“, велат од Американската амбасада.
На 26 март, заменик-помошникот на Државниот секретар на САД Метју Палмер телефонски разговораше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да му ја нагласи потребата од конструктивна и вклучена опозиција. Тогаш, Палмер го охрабри Мицкоски да соработува со другите на решавање на предизвиците со кои што се соочува земјата.