АМНЕСТИЈАТА НА ГРУЕВСКИ, ЈАНКУЛОСКА, МИЈАЛКОВ, ЈАНАКИЕСКИ, ПРОТОЃЕР И ОСТАНАТИТЕ ТРГНАТА ОД ДНЕВЕН РЕД, УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ЧЕКА СОБРАНИЕТО ДА СЕ ИЗЈАСНИ

    АМНЕСТИЈАТА НА ГРУЕВСКИ, ЈАНКУЛОСКА, МИЈАЛКОВ, ЈАНАКИЕСКИ, ПРОТОЃЕР И ОСТАНАТИТЕ ТРГНАТА ОД ДНЕВЕН РЕД, УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ЧЕКА СОБРАНИЕТО ДА СЕ ИЗЈАСНИТочката е одложена на неодредено на предлог на уставниот судија Осман Кадриу, да се почека Собранието како ќе се изјасни, бидејќи отвори постапка за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Уставниот суд на почетокот на денешната седница ја одложи точката за активирање на помилувањата на експретседателот Ѓорге Иванов на 16 април 2016 година, кои предизвикаа масовни протести и демолирање на неговата канцеларија во Скопје.

    На предлог на уставниот судија Осман Кадриу, да се почека Собранието како ќе се изјасни, бидејќи отвори постапка за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, дискусијата беше тргната од дневниот ред, се одложи за неодредено време.

    Минатата седница мнозинството уставни судии одлучија да поведат постапка против членот 11-а од Законот за помилување, кој му овозможува на претседателот на државата да ги повлече амнестиите против функционерите обвинети од СЈО. Со поништувачка одлука, Уставниот суд ќе ги поништеше сите повлечени помилувања, ќе се активираа дадените амнестии на 16 април 2016 година.

    Денеска во Собранието почнува постапката за автентично толкување на основниот, членот 11 од Законот за помилување, за да се каже јасно од законодавниот дом дури по 3 ипол години, дека членот 11 воопшто не постоел кога Иванов ја даде масовната амнестија на осомничените функционери од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со избеганиот Никола Груевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари