АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ПОВЕДЕ КРИВИЧНА ПОСТАПКА ЗА РЕКТОРОТ НА УКИМ И ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА

    АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ПОВЕДЕ КРИВИЧНА ПОСТАПКА ЗА РЕКТОРОТ НА УКИМ И ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈАКомисијата одлучи да побара од Клиниката за дигестивна хирургија работното место на ректорот да го стави во мирување до завршување на ангажманот во УКИМ. - Од денешната седница на Антикорупциската комисија (Фото: СДК.МК)

    Антикорупциската комисија по претставката за ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски дека не го ставил во мирување работното место на Клиниката за дигестивна хирургија одлучи да предложи да се поведе кривична постапка и за ректорот и за директорот на Клиниката за дигестивна хирургија Зоран Караџов.

    Комисијата одлучи да побара од Клиниката за дигестивна хирургија работното место на ректорот да го стави во мирување до завршување на ангажманот во УКИМ.

    Членовите на комисијата образложија дека по документацијата приложена и од клиниката и од ректоратот констатирале дека треба да се направи усогласување со Законот за високо образование.

    „Во одговорот од клиниката и од ректоратот е дека ректорот се избира од редот на професорите, а според Законот за здравствена заштита тој не може да биде професор ако не ја врши дејноста и дека затоа работното место не е во мирување и дека тоа е направено во време кога е именуван и важел стариот Закон за високо образование. Од увидот во документацијата директорот на клиниката не донел правилник за висината на надоместокот и затоа предлагам да се побара негова кривична одговорност. На ректорот од клиниката му е исплатувана плата, а надоместок од ректорат за неговиот ангажман во УКИМ. Според Законот за високо образование надоместокот за ректор е еднакво на исплата на плата и затоа предлагам да се побара од Клиниката работното место да му се стави во мирување“, рече Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциската комисија и образложи дека со овој предлог не се укинува можноста ректорот 30 отсто од времето да го мине на клиниката за вршење на здравствена дејност, а 70 отсто во ректорат.

    „Не може од двете места да зема плата“, рече Ивановска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари