СЈО: КОЈ НЕ САКА СО УБАВО, ЌЕ МОРА СО СИЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:404:"Законскитеможностисетие.Значиможемедасоработуваме,аможемениеданастапувамеисосудскинаредбииприсилнодаодземамедокументацијаипредметиштосекаконеевонашинтерес“,речеобвинителкатаЛенчеРистоска

    СЈО: КОЈ НЕ САКА СО УБАВО, ЌЕ МОРА СО СИЛА

    Скопје, 28 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ) – Специјалното обвинителство уште еднаш ги повика сите државни институции да соработуваат за да не се доведуваат во позиција како минатата недела Централниот регистар, кога истражителите мораа да влезат со асистенција на полицијата.

    Специјалната обвинителка Катица Јанева ја поздрави соработката со судот за преземање на документацијата од Централниот регистар што му била потребна на Специјалното обвинителство. „Изразуваме уверување дека сите институции од кои се побарани податоци или списи во рамки на законски дадените овластувања на ова обвинителство ќе постапат по нашите наредби“, рече Јанева.

    Обвинителката Ленче Ристоска објасни дека СЈО работи исклучиво согласно Законот за кривична постапка. „Прво се обидуваме на сите други механизми кои се на располагање согласно законот да ги добиеме бараните податоци. И во наш интерес е бидејќи предистражните постапки се тајни да не се крева многу врева и да не се гледа што точно ние работиме.“, објасни Ристоска на денешната прес конференција.

    Таа рече дека како и за сите институции до кои се има обратено, СЈО се обратило и до Централниот регистар. „Имаше законски рок во кој што, верувале иле не, токму на 30 ден не извести дека барањето наше е нејасно, иако претходно имаше телефонски консултации и со истражители и со обвинители, а дел од нашите истражители беа лично и во Централниот регистар да го дообјаснат нашето барање, кое впрочем не е ни спорно затоа што Централниот регистар постапувал по такви барања“, рече Ристоска објаснувајќи зошто морале да прибават наредба од судија за предистражна постапка.

    „Ние очекуваме сите институции да соработуваат со нас. Законските можности се тие. Значи можеме да соработуваме, а можеме ние да настапуваме и со судски наредби и присилно да одземаме документација и предмети што секако не е во наш интерес“, рече Ристоска.

    „Важно е дека сите документи кои ни беа предмет на интерес се обезбедени, и што е уште поважно со  Централниот регистар воспоставивме добра соработка за која веруваме ќе продолжи во иднина“, беше речено на прес конференцијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари