АПЕЛАЦИЈА НЕ ЈА ПРИФАТИ ГАРАНЦИЈАТА НА КАМЧЕВ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДА МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТ

    АПЕЛАЦИЈА НЕ ЈА ПРИФАТИ ГАРАНЦИЈАТА НА КАМЧЕВ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДА МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТНа јавната седница на Апелациониот суд на 23 јануари, адвокатите на Камчев им рекоа на апелационите судии ако сакаат нека ја зголемат гаранцијата од три милиони евра, само да му го вратат пасошот. - Камчев на сведочење на „Рекет“ (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје ја потврди одлуката на Кривичниот суд да не му го врати пасошот на Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“, во замена за гаранција во износ од 3,1 милиони евра.

    „Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Империја“ ги донесе следните одлуки: Решение КСЖ-722/19 со кое жалбата на осомничениот Ј. К од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди“, соопшти Апелациониот суд.

    На јавната седница на Апелациониот суд на 23 јануари, адвокатите на Камчев им рекоа на апелационите судии ако сакаат нека ја зголемат гаранцијата од три милиони евра, само да му го вратат пасошот.

    Во врска со „Империја“, Апелациониот суд Скопје донесе иста одлука и за жалбата на осомничениот Ненад Јосифовиќ.

    „Решение КСЖ-774/19 со кое жалбата на осомничениот Н.Ј. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди“, се вели во соопштението на Скопска апелација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира