АРМ СО ВЕЖБИТЕ СО АРМИЈАТА НА САД ГО ОТВОРА ПАТОТ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО, КАЖА ЗАЕВ ВО КРИВОЛАК

    АРМ СО ВЕЖБИТЕ СО АРМИЈАТА НА САД ГО ОТВОРА ПАТОТ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО, КАЖА ЗАЕВ ВО КРИВОЛАКПремиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и американскиот амбасадор Џес Бејли на полигонот Криволак за заедниќката воена вежба на АРМ и Американската армија „Драгун Гардијан 17“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонските војници го отвораат патот на Македонија за влез во НАТО, изјави премиерот Зоран Заев на полигонот Криволак каде што се одржува вежбата “Драгун Гардијан 17“ заедно со Армијата на САД.
    Заев рече дека е задоволен што вежбата се случува пред посетата на потпретседателот на САД Мајк Пенс на регионот.

    „Мене ми е посебно задоволство што војниците учествувајќи во заеднички вежби, го отвораат и патот на Република Македонија кон полноправното членство во НАТО. Јас сум горд заради тоа што, рамо до рамо, со добро истренирани војници од американската армија можат да ги спроведуваат сите активности“, рече Заев.

    Според премиерот Заев, вежбите испраќаат многу голема порака, а тоа е порака на соработка во обезбедувањето на севкупниот мир во светот и слободата за сите граѓани во светот. За средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс во Црна Гора, Заев рече дека ќе побара поддршка од САД како и од другите земји членки на НАТО за Македонија да добие полноправно членство во Алијансата.

    Американскиот амбасадор на САД Џес Бејли изјави дека вежбата го покажува военото партнерство во акција и таквите активности можат да помогнат да се приближат македонските аспирации за влез во НАТО.
    „Владата и Парламентот заеднички размислуваат за унапредување на буџетот на Република Македонија за да се усоврши интероперабилноста на нашата армија која што е важна прво за нас, но и за нашата севкупна подготвеност во мисиите во кои учествува АРМ насекаде во светот“, изјави премиерот Зоран Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира