Пратеникот Артан Груби вечерва во писмена изјава соопшти дека ниту бил, ниту пак некогаш ќе биде за ВМРО-ДПМНЕ или за СДСМ.
Најверојатно поттикнат од пишувањата во медиумите дека тој го застапува крилото што фаворизира создавање Влада заедно со ВМРО-ДПМНЕ, најблискиот соработник на лидерот на ДУИ Али Амети во писмената порака изјавува: „Забележувам злонамерно, тенденциозно и интригантно оговарање во врска со личните ставови околу постизборната ситуација во земјава. Затоа сакам да ве уверам дека ниту сум бил некогаш, ниту сум денес, и нема ни да бидам некогаш ниту со ВМРО ДПМНЕ ниту со СДСМ, туку сум верен на моите национални убедувања во целосна поддршка на заедничката албанска изјава, мојот лидер Али Ахмети и на ДУИ“, пишува пратеникот Груби.
Тој не беше достапен поопширно да објасни зошто се одлучил да ја даде оваа писмена изјава.