АРТИЛЕРИСКИ СТРЕЛБИ ЗА ДЕНОТ НА АРМИЈАТА, ГРАД СКОПЈЕ ИНФОРМИРАШЕ ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СЕ ВОЗНЕМИРУВААТ

    АРТИЛЕРИСКИ СТРЕЛБИ ЗА ДЕНОТ НА АРМИЈАТА, ГРАД СКОПЈЕ ИНФОРМИРАШЕ ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СЕ ВОЗНЕМИРУВААТОд 15 до 18 часот ќе се врши пробна артилериска стрелба со еден истрел од шест артилериски орудија, а во 19 часот ќе се изврши почесната артилериска стрелба, со 10 плотуни од артилериски орудија.- Од показната вежба на Армија по повод Денот на НАТО- 4 Април на плоштад Македонија. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Попладне во касарната „Илинден“ ќе се врши артилериска стрелба, по повод одбележување на Денот на Армијата – 18 Август. Од 15 до 18 часот како што информираат од Министерството за одбрана ќе се врши пробна артилериска стрелба со еден истрел од шест артилериски орудија, а во 19 часот ќе се изврши почесната артилериска стрелба, со 10 плотуни од артилериски орудија.

    И градот Скопје на својата официјална фајсбук страница ја информираше јавноста за гаѓањето за да не се вознемируваат граѓаните.

    На централното одбележување пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот ќе говорат претседателот на државата и Врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

    На свеченоста, претседателот Иванов, со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Првиот механизиран пешадиски баталјон од Првата механизирана пешадиска брига, како и Баталјонот за врски. Исто така, ќе се изврши унапредување на старешини и врачување на плакети, значки и благодарници на организации и поединци.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира