АВТОМОБИЛ СО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ОД КОСОВО ОТТУРНАТ ВО НАДОЈДЕНИОТ ЛЕПЕНЕЦ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА, ИЗВАДЕН Е ЖИВ СИНОТ, ПО РОДИТЕЛИТЕ СЕ ТРАГА ВО ТЕШКИ УСЛОВИ

    АВТОМОБИЛ СО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ОД КОСОВО ОТТУРНАТ ВО НАДОЈДЕНИОТ ЛЕПЕНЕЦ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА, ИЗВАДЕН Е ЖИВ СИНОТ, ПО РОДИТЕЛИТЕ СЕ ТРАГА ВО ТЕШКИ УСЛОВИВо итното соопштение што го објави ноќва Скопското обвинителство, се наведува дека „фолксвагенот“ му се залепил на автомобилот на семејството од Косово, по што се превртел во реката (Фото:СДК.МК)

    Цело семејство од Косово кое патувало во Македонија, е со автомобилот истуркано во Лепенец, во тешка сообраќајна несреќа предизвикана од автомобил „фолксваген туран“, кој претекнувал и ги превртел во реката.

    Засега е изваден само синот, момчето од семејството чие возило се преврте во надојдените води поради дождовите и тоа е пренесено во болница веднаш. По останатите тројца членови од семејството, меѓу кои и родителите на момчето, ноќва се уште се трага во исклучително тешки услови во нараснатото ниво на подивената река, поради дождовите.

    „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје е на лице место на тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Приштина и презема дејствија за утврдување на причините. Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил ‘Фолксваген туран’ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил ‘БМВ’ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец“, итно соопшти вечерва Скопското јавно обвинителство.

    Причините за сударот сè уште се утврдуваат, а на местото на несреќата дошол и сообраќаен вештак.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира