БАЈРАМ БЕШЕ ПРЕД 2 ДЕНА, МОЖЕБИ БРОЈКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИ Е ПОРАДИ СЕДЕНКИТЕ КОИ ГИ ПРАВИ СЕКОЈ ОД НАС, РЕЧЕ СПАСОВСКИ

    БАЈРАМ БЕШЕ ПРЕД 2 ДЕНА, МОЖЕБИ БРОЈКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИ Е ПОРАДИ СЕДЕНКИТЕ КОИ ГИ ПРАВИ СЕКОЈ ОД НАС, РЕЧЕ СПАСОВСКИСпасовски призна дека има новозаразени и поради ифтарски вечери, но и од други покрупни настани. Кластери се појавиле и од заразени лица во одредени институции. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Оливер Спасовски смета дека бројката на заразени со КОВИД-19 не се намалува поради тоа што голем број граѓани си прават седенки и се групираат, а не само поради тоа што беа дозволени верски обреди.

    „Празникот Рамазан бајрам беше во неделата, а денеска сме вторник, за два дена нема инфицирани ниту зголемен е бројот. Поставете го прашањето дали можеби бројката е од собиранките кои си ги прави секој од нас по домови, паркови или во маало. Како се разубавува времето одбиваме да ги слушаме препораките на здравствените власти“, рече Спасовски на прашањето дали Владата не чувствува одговорност што не забрани верски собири за Велигден и Рамазан бајрам.

    Тој призна дека има новозаразени и поради ифтарски вечери, но и од други покрупни настани. Кластери се појавиле и од заразени лица во одредени институции.

    Од првомајските празници наваму кривата на нови заболени е во благ, но константен пораст, пресметано со просек од пет дена, за да се отстранат евентуални аномалии на дневна основа. Врвот беше достигнат на средината од април, кога беа регистрирани рекордните 107 случаи (16.4), но потоа бројката на нови заболени почна драстично да паѓа, сè до почетокот на мај, кога три дена по ред (3-5.5) имаше и едноцифрен број нови случаи. Оттогаш, кривата е во пораст и само пет дена имаше под 20 нови случаи.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари