БАРАМЕ 600 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА СЕГА, А НЕ ВО 2028 КАКО ШТО ПРЕДЛАГА ВЛАДАТА, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТ И НАЈАВИЈА БЛОКАДИ

    БАРАМЕ 600 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА СЕГА, А НЕ ВО 2028 КАКО ШТО ПРЕДЛАГА ВЛАДАТА, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТ И НАЈАВИЈА БЛОКАДИПратениците во Собранието ќе бидат првите коишто ќе ги блокираат затоа што го чуваат Законот за минимална плата во фиока, вели Синдикатот. (Фото: К. Попов)

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) од 2 февруари почнува со блокади во Скопје. Како што кажа на денешната прес-конференција претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, пратениците во Собранието ќе бидат првите коишто ќе ги блокираат затоа што го чуваат Законот за минимална плата во фиока и не сакаат да ги зголемат платите.

    „Веројатноста е дека наредната недела ќе одат со автобус и пешки, како што доаѓаат најголем дел од работниците. Ќе ги чекаме да ги поздравиме и да ги потсетиме дека таму се за нас и дека треба да гласаат“, рече Трендафилов.

    „Предлогот од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите за 40 отсто или над 10.000 денари до 2028 година, не е прифатлив. Ние протестираме за 600 евра минимална плата сега, не во 2028. Вратете се од иднината, другари, дојдете во реалноста“, рече Трендафилов.

    Тој го покани премиерот Христијан Мицкоски на 2 февруари во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат Колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40 проценти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира