БЕГСТВОТО НА ГРУЈОВСКИ И БОШКОВСКИ ПОКАЖА КОЛКУ Е ТРУЛО СУДСТВОТО, ИЗЈАВИ СПАСОВСКИ

    БЕГСТВОТО НА ГРУЈОВСКИ И БОШКОВСКИ ПОКАЖА КОЛКУ Е ТРУЛО СУДСТВОТО, ИЗЈАВИ СПАСОВСКИМинистерот Оливер Спасовски не одговори дали МВР има информации каде се наоѓаат обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои се уште не се достапни на полицијата да ги спроведе во притвор. (архивска фотографија)

    Судиите се одговорни за бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски, обвинети за масовното нелегално прислушување, а не полицијата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    „Неспроведувањето во притвор покажа колку е труло судството. МВР нема никаква одговорност. Бегството нека биде силна порака, но и поука дека мора да има одговорност и дека се потребни реформи во судството“, одговори Спасовски, запрашан дали МВР има одговорност за неспроведувањето во притвор на Грујовски и Бошковски.

    Министерот Спасовски не одговори дали  МВР има информации каде се наоѓаат Горан Грујовски и Никола Бошковски.

    Врховниот суд завчера соопшти дека петчлениот казнен совет на Врховниот суд на Република Македонија донесе решенија со кои се одбиени жалбите на бранителите на Горан Грујовски и Никола Бошковски и ги потврди решенијата на Апелациониот суд Скопје за определување на мерка притвор во траење од 30 дена

    Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.

    Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира