БЕСА НЕМА ДА ТУЖИ ОТИ СЕ СОМНЕВА ВО УПРАВНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    БЕСА НЕМА ДА ТУЖИ ОТИ СЕ СОМНЕВА ВО УПРАВНИОТ СУД

    Движењето Беса нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија (ДИК) да се отфрлат седум од осумте приговори за изборниот процес.

    „Органите на партијата оценија да не поднесат тужби до Управниот суд, бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука“, изјави за „Мета“, портпаролот на Беса, Орган Муртезани.

    ДИК го прифати приговорот на Беса и го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар каде што друго лице се потпишало на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог.

    Од СДСМ засега нема официјална бројка на поднесени тужби до Управниот суд. Портпаролот на партијата, Петре Шилегов соопшти дека во текот на денот ќе излезат со соопштение или ќе свикаат прес-конференција.

    Во меѓувреме, тече 24-часовниот рок за тужби до Управниот суд. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во рок од 48 часа на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите, а одлуките во рок од 24 часа треба да се објават на веб-страницата на судот, како и на веб-страницата на ДИК. Одлуките на Управниот суд треба да го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира