БЕЗ РАЗЛИКА НА РАЗЛИЧНИТЕ ПОЛИТИКИ, ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ СИ ПОМАГААТ ЗА ЕУ, СЕ ДОГОВОРИЈА ЗАЕВ И ВУЧИЌ

    БЕЗ РАЗЛИКА НА РАЗЛИЧНИТЕ ПОЛИТИКИ, ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ СИ ПОМАГААТ ЗА ЕУ, СЕ ДОГОВОРИЈА ЗАЕВ И ВУЧИЌЗоран Заев и Александар Вучиќ денеска имале долг и отворен телефонски разговор за новонастанатата ситуација, соопштија од Владата.

    Македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ се договорија двете земји да си дадат взаемна поддршка една на друга на патот кон ЕУ без разлика на различните политички ставови во однос на одредени важни политички и регионални прашања, се вели во заедничкото соопштение по нивниот телефонски разговор по повод повлекувањето на персоналот на српската амбасада во Скопје во неделата.

    „Без разлика на различните политички ставови во однос на одредени важни политички и регионални прашања, Македонија и Србија заедно ќе се борат за сочувување, но и за унапредување на пријателските релации на македонскиот и српскиот народ, како и граѓаните на Македонија и Србија. Република Македонија и Република Србија ќе ја интензивираат меѓусебната комуникација на највисоко ниво и ќе си дадат взаемна поддршка една на друга на патот кон ЕУ и во зајакнување на добрососедските односи, што ќе придонесе кон стабилност на регионот“, се вели во заедничкото соопштение.

    Заев и Вучиќ се договориле сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи ќе ги решаваат исклучиво по пат на дијалог и во согласност со прописите на меѓународното јавно право, и на добра волја и пријателска основа да ги заштитат интересите и правата на дипломатските и конзуларните претставништва на сопствената територија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира