БИ БИЛО ЧУДО ДА ГО РЕШИМЕ СПОРОТ СО ГРЦИЈА, НО ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ, РЕЧЕ ДИМИТРОВ ВО СОФИЈА

    БИ БИЛО ЧУДО ДА ГО РЕШИМЕ СПОРОТ СО ГРЦИЈА, НО ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ, РЕЧЕ ДИМИТРОВ ВО СОФИЈАДимитров на панелот на кој учествува бугарскиот и хрватскиот премиер Бојко Борисов и Андреј Пленковиќ и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева рече дека по позитивниот извештај од Европската комисија, Македонија со право очекува и добивање датум за почеток на преговори. (Фото: Твитер)

    Ќе биде чудо доколку успееме да го решиме спорот за името со Грција, но чудата се можни. А денес на сите ни се потребни чуда, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на панел дискусијата на самитот ЕУ-Западен Балкан, во Софија.

    Димитров на панелот на кој учествува бугарскиот и хрватскиот премиер Бојко Борисов и Андреј Пленковиќ и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева рече дека по позитивниот извештај од Европската комисија, Македонија со право очекува и добивање датум за почеток на преговори.

    „Во последниве години гледавме во погрешни векови, но денес сме тука во 2018 година. Македонија загуби генерации чекајќи да мрдне на патот. Го гледаме возот на ЕУ како минува и сакаме да го фатиме. Ќе биде трагедија доколку на Македонија не ѝ се дозволи да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ“, рече Димитров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира