БИСЛИМОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА

    БИСЛИМОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКАБислимовски доби втор 5-годишен мандат за претседател на Регулаторна на денешната 120. собраниска седница. (Фото: СДК.МК)

    Марко Бислимоски е реизбран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Бислимовски доби втор мандат за претседател на Регулаторна на денешната 120. седница на Собранието. За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.

    Oва е втор мандат од 5 години за Бислимоски, кој првпат за претседател беше именуван во јуни 2018. Мандатот на секој член на Регулаторната комисија е пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два мандата.

    Собранието денеска ја избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира