БИТОЛЧАНИ НА ПРОТЕСТ ЈА ОБОИЈА ЗГРАДАТА НА ОПШТИНАТА ВО ЗЕЛЕНО

    БИТОЛЧАНИ НА ПРОТЕСТ ЈА ОБОИЈА ЗГРАДАТА НА ОПШТИНАТА ВО ЗЕЛЕНО

    Со балони со зелена боја демонстрантите фрлаа по општина Битола на вечерашните протести барајќи оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески и повлекување на аболицијата од Иванов.

    Битола1

    Полиција ја чува општинската зграда и однадвор и одвнатре од гневните Битолчани кои бараат оставка од градоначалникот

    Над 300 битолчани се собраа пред општинската зграда, а дел од нив се обидоа да го истуркаат полицискиот кордон и да влезат внатре. Но, безуспешно, вечерва беше најбројно полициското обезбедување и пред општината имаше дури четири реда полицајци.Демонстрантите викаа  „оставка“ и „мафија за робија“.

    Ова е четврти ден како се протестира пред општина Битола, а најавија дека протестите ќе породолжат и следните денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира