БИТОЛЧАНИ СО ФРИЖИДЕР ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ ИМОТИ НА КРИМИНАЛЦИ ПРЕД ОПШТИНАТА

    БИТОЛЧАНИ СО ФРИЖИДЕР ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ ИМОТИ НА КРИМИНАЛЦИ ПРЕД ОПШТИНАТА

    Демонстрантите кои бараат оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески вечерва поставија ладилник пред општина Битола со натпис „замрзнувач за имотот на криминалците“. На замрзнувачот имаа залепено фотографија од помилуваниот градски татко од банкнотата „владимирка со 360.000 евра“. Граѓаните скандираа „Владе врати ги парите и врати ги другарите“.

    Пред присутните на мегафон се обрати и лекар специјалист кој изјави дека како што за своите грешки одговараат лекарите, исто така треба да одговараат и судиите.

    Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пред една недела побара замрзнување на имотот на Талески. Тој е првоосомничен за злоупотреби во случајот „Транспортер“ со наводни манипулации со превозот на учениците, но се најде на списокот на помилувани од Иванов.

    И провладниото здружение ГДОМ денес организираше протестен марш од Офицерскиот дом до плоштадот Магнолија. При тоа го поставија македонското знаме на Саат кулата во Битола

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари