БОЈА И ВРЗ ВЛАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БОЈА И ВРЗ ВЛАДАТА

    Антивладините демонстранти стигнаа пред Владата. Се скандира „Оставка, оставка“ и „Нема правда нема мир“, се пишуваат графити на асфалтот, а со црвена и жолта боја на тротоарот пред Владата е испишано „Им нема спас“.

    Пред малку со балони со жолта, зелена и сина боја беше бојосана фасадата на Владата.

    Демонстрантите пред Влада дојдоа од кај седиштето на ЕУ. На булеварот Партизански одреди беа накратко сопрени од полицијата оти кон нив се движеше група контрапротестанти што беа тргнале кон Собранието на протестот организиран од ГДОМ.

    Пред тоа демонстрантите протестираа пред ЕУ Инфо центарот и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон за да тргнат кон резиденцијата на Претседателот на Водно.

    Во исто време пред Собранието на Република Македонија трае протестот организиран од ГДОМ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари