БОКИ 13 Е БОЛЕН, НОН-СТОП ПОВРАЌА, ДАЈТЕ МУ ДА ОДИ ВО БОЛНИЦА, ПОБАРА НЕГОВИОТ АДВОКАТ ВО АПЕЛАЦИЈА

    БОКИ 13 Е БОЛЕН, НОН-СТОП ПОВРАЌА, ДАЈТЕ МУ ДА ОДИ ВО БОЛНИЦА, ПОБАРА НЕГОВИОТ АДВОКАТ ВО АПЕЛАЦИЈАБоки 13 е осомничен во истрагата „Рекет“ и со осомничената во истата истрага Катица Јанева се во притвор во Шутка. (Фото: К. Попов)

    Бојан Јовановски – Боки 13 денеска на јавна седница во Апелациониот суд Скопје побара укинување на мерката притвор и ублажување на мерката најмалку во куќен притвор.

    Тој е во притвор од 15 јули и притворот му беше продолжен поради опасност од бегство, влијание врз сведоци, прикривање на докази, повторување на кривичните дела и поради вештачењата кои не се завршени.

    Боки 13 е осомничен во истрагата „Рекет“ и со осомничената во истата истрага Катица Јанева се во притвор во Шутка.

    „Секој втор ден Јовановски се носи на Клиниката за торакална хирургија, има две неуспешни операции, кои во условите во притвор му предизвикуваат огромни проблеми. Потребна му е хоспитализација. Овој човек не може да јаде, храната му се враќа, има лошо поврзување на тенкото црево со желудникот и тоа може да му предизвика смрт“, рече адвокатот на Јовановски и достави медицинска документација до кривичниот совет на Апелација.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари