БОЛНИЦАТА „РЕ-МЕДИКА“ ГО ПРЕЗЕМА ДОЛГОТ НА МПЦ КОН „БЕТОН“ ЗА ЦРКВАТА „СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО СКОПЈЕ

    БОЛНИЦАТА „РЕ-МЕДИКА“ ГО ПРЕЗЕМА ДОЛГОТ НА МПЦ КОН „БЕТОН“ ЗА ЦРКВАТА „СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО СКОПЈЕЦрквата „Св. Константин и Елена“ се гради од ноември 2012 година и Груевски организираше три донаторски конференции со македонските компании за да се соберат пари. (Фото: К. Попов)

    Приватната болница „Ре-Медика“ го презема преостанатиот долг на МПЦ и Фондацијата „Св. Цар Константин“ од околу 3,5 милиони евра за црквата „Св. Константин и Елена“, која што речиси 10 години се гради на улица Македонија во центарот на Скопје, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од ДГ „Бетон“.

    Долгот е кон ДГ „Бетон“, кому црквата и фондацијата му должела 4,5 милиони евра. Дел од долгот е платен, а остатокот од 3,5 милиони ќе го плати приватната болница за да може градежната компанија да работи подобро, без милионскиот долг за изградба на црквата.

    Покрај овој долг од МПЦ и фондацијата, државните институции му должеле на „Бетон“ 8 милиони евра за градбите нарачани од Владата на Никола Груевски, од кои 4 милиони расчистила сегашната влада на Заев. Но, за 4 милиони се води судски спор со Министерството за култура, за големиот споменик на Мајка Тереза што стои неизграден на Плоштадот Македонија и за кој стручната јавност и градоначалникот Петре Шилегов сметаат дека треба да се отстрани и за фасадата на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), која уште стои како грдотија на плоштадот.

    Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012 година, а на почетокот на изградбата присуствуваше и тогашниот премиер Никола Груевски. Инвеститори се МПЦ и Фондацијата „Св. Цар Константин“, која што беше формирана од МПЦ за изградба на црквата. Груевски организираше три донаторски конференции со македонски компании за да се соберат пари за изградба.

    Во 2013 година имаше насилни протести пред Општина Центар, организирани од фантомска организација со цел да спречат наводно уривање на црквата од страна на тогашниот градоначалник Андреј Жерновски. За протестите имаше долго судење, кое што заврши во септември 2020 година со затворска казна од 1,5 години за Груевски како нарачател на насилствата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира