БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА БАРА СИСТЕМ ШТО ЌЕ СПРЕЧИ ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКА

    БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА БАРА СИСТЕМ ШТО ЌЕ СПРЕЧИ ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКАОбуката за градење интегритет е организирана од Министерството за одбрана, во соработка со Обединетото Кралство, а предавачи се експерти за градење интегритет од Академијата за одбрана на Обединетото Кралство. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик амбасадорот на Велика Британија Пол Едвардс (Фото: МО на РМ)

    Државата треба да создаде систем на принципи кој нема да зависи од тоа кој е министер и ќе биде имун на секој обид на злоупотреба на службената должност, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешното отворање на обуката за градење интегритет за највисокото раководство на министерството за одбрана и на Армијата.

    Министерката за одбрана Шекеринска потенцираше дека прашањето на транспарентноста е поврзано со прашањето на интегритетот и дека борбата против корупцијата бара систем којшто ќе создава пречки за каква било злоупотреба на службената должност.

    Заменик-амбасадорот на Велика Британија, Пол Едвардс, рече дека процесот на градење интегритет бара култура на работење во која секому ќе му биде јасно дека секоја одлука која се носи на дневна база треба да биде за доброто на сите граѓани, а не на малкумина од раководството.

    Обуката за градење интегритет е организирана од Министерството за одбрана, во соработка со Обединетото Кралство, а предавачи се експерти за градење интегритет од Академијата за одбрана на Обединетото Кралство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира