БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ПО ЕДЕН РОДИТЕЛ НА ДЕТЕ ДО 10 ГОДИНИ ДА НЕ ОДАТ НА РАБОТА 14 ДЕНА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА ПО ЗАТВОРАЊЕТО НА ШКОЛИТЕ И ГРАДИНИТЕ

    БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ПО ЕДЕН РОДИТЕЛ НА ДЕТЕ ДО 10 ГОДИНИ ДА НЕ ОДАТ НА РАБОТА 14 ДЕНА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА ПО ЗАТВОРАЊЕТО НА ШКОЛИТЕ И ГРАДИНИТЕОва е одлука на Владата, која следи по предлогот на Комисијата за заразни болести да се затворат градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена.

    По еден родител на деца до 10-годишна возраст, кои се вработени во државни институции и во приватните фирми се ослободува од работа во наредните 14 дена, а отсуството ќе му биде платено, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Ова е одлука на Владата, која следи по предлогот на Комисијата за заразни болести да се затворат  градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена.

    Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високообразовни институции како и детските градинки да запрат со одвивање на наставно-воспитниот процес во текот на наредните 14 дена. Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на држава, а спортските настани да се одвиваат без публика. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави“, наведено е во заклучоците на комисијата.

    Комисијата предлага да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари, а повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз. Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира